Image5 Мај 2023

АДИНГ за новите трендови во цементната и индустријата за производство на бетон, на „Стручно советување во организација на ДИМК, ИМС и Градежен Факултет Белград“ одржано во Р. Србија

На 21.04.2023, во свечената сала на Градежниот Факултет во Белград, се одржа стручно советување на тема: “НОВ ПРИСТАП ВО ОЦЕНУВАЊЕ И ВЕРИФИКАЦИЈА НА ПОСТОЈАНОСТА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА БЕТОНОТ”, во организација на ДИМК (Друштво за испитување на материјали и конструкции), ИМС (Институт за испитување материјали) и Градежен Факултет Белград.

На настанот присуствуваа 120 гости, меѓу кои имаше инженери од сите институти за испитување на градежни материјали во Србија, од производителите на цемент, фирми изведувачи на големите инфраструктурни објекти и други фирми поврзани со производството на бетон. Целта на советувањето беше на стручната јавност да и се презентираат најзначајните аспекти на примената на новиот ПРАВИЛИНИК ЗА ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА БЕТОНОТ, усогласен со Европските норми. Предавачи беа експерти-инженери од Институтите ЦИС и ИМС Белград, професори од Градежниот факултет во Белград, Нови Сад и Ниш, како и гости од универзитетот во Загреб и Институтот ИРМА, Љубљана.

Во рамки на советувањето д.г.и. Узунов Никола (Сектор техничка примена и пласман во Адинг) имаше излагање на тема “НОВИ ТРЕНДОВИ ВО ЦЕМЕНТНАТА ИНДУСТРИЈА И ИНДУСТРИЈАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БЕТОН”. Притоа беа презентирани:

- Можностите за употреба на новите Адитиви за производство на цемент (Интензификатор) со цел намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на СО2 при процесот на производство на цемент.

- Можностите за употреба на новите генерации Суперпластификатори за производство на бетони со високи перформанси (јакосни карактеристики, висока разливност на свежиот бетон и трајност на бетонските конструкции во услови на агресивни влијанија од средината), при примена на цементи со висок процент на додатоци (CЕМ II до CEM V).

Дел од излагањето беше и споделување на дел од искуствата од терен, со презентација на три различни референтни објекти. Тука беше прикажано како со примена на “паметна” технологија на бетон, цементи со висок процент на додатоци (CЕМ III) и соодветни адитиви за бетон, се изведени пречистителна станица за отпадни води, бетонска брана и тунел.