Image5 Авг 2013

Доделено признание и награда за најдобра дипломска работа со примена на Адингови материјали

Секоја година, традиционално, Адинг доделува награди на најдобрите студенти од „Градежен факултет“ - Скопје, кои при изработка на дипломската работа најдобро ја опишале примената на Адинговите материјали. 
Годинава, добитник на наградата признание и ваучер во вредност од 7.000 денари е Љупка Танчева со тема: "Енергетска ефикасност во градежништвото". На церемонијата на доделувањето на дипломите на сите студенти им беа доделени подароци – репрезентативни материјали од Адинг.
Во прилог, фотографии од доделувањето на дипломите: