Image20 Сеп 2013

ПРОВЕРЕН КВАЛИТЕТ, ВО НОВО МОДЕРНО ПАКУВАЊЕ\r\n – Производната линија на Адинг во нова, модерно дизајнирана амбалажа

Речиси 45 години Адинг го гради сопствениот имиџ на еден од ретките македонски брендови присутен на уште 13 светски пазари.

Компанијата ја почувствува потребата од освежување на дел од производите односно нивната амбалажа, која дополнително ќе не диференцира од конкуренцијата, ќе го олесни изборот на потрошувачот и ќе биде практична и лесна за препознавање и употреба.

Следејќи ги препознатливите линии за нашиот бренд и мотото „состојка на секоја градба“ нашите производи добија нов, соодветен модерен изглед. Доминантната портоколова боја, логото и молекулата како наш симбол, остануваат елементи преку кои продолжува да се препознава визуелниот идентитет на Адинг.

Земајќи ги во предвид барањата на нашите крајни корисници, креиравме амбалажа која е лесна за употреба и практична за користење. Дел од пакувањата се променети и рационализирани, некои од нив се со намалена тежина и вметнати се детални упатства за употреба на повеќе јазици.

Проверениот квалитет доби нови модерно дизајнирани амбалажи, останува вие, нашите клиенти и потрошувачи, да го оцените нашиот изглед.

Затоа што, на крајот на денот, брендовите им припаѓаат на оние што ги купуваат, не на компаниите кои ги произведуваат.

Во овој прв циклус на редизајн на амбалажата, променети се дизајните и дел од пакувањата на следните производи:

Хидромал Флекс (мало пакување)– во заедничко, единствено пакување од 10 кг. (А+Б компонента).

Хидромал Флекс (големо пак.) – во ново, намалено пакување од 40 кг. како замена за досегашното пакување од 60 кг.

Врска –У (мало пак.) – во ново пакување од 1 кг.

Врска –У (мало пак.) – во ново пакување од 5 кг.

Хидрозим - Т (мало пак.) – во ново пакување од 1,5 кг.

Хидрозим - Т (мало пак.) – во ново пакување од 7 кг.

Хидрофоб –Т (мало пак.) – во ново пакување од 5 кг.

Адингфлекс (мало пак.) – во ново пакување од 4 кг.

Адингфлекс (големо пак.) – во ново пакување од 20 кг.

Адингколор (мало пак.) – во ново пакување од 5 кг.

Адингколор (големо пак.) - во ново пакување од 25 кг.

Адингколор –Ф (мало пак.) – во ново пакување од 5 кг.

Адингколор-Ф (големо пак.) - во ново пакување од 20 кг.

Фугофил – во променето, намалено пакување од 2 кг.

Хидрофас – З – во ново пакување од 20 кг.

Фасил - В (мало пак.) - во ново пакување од 1кг.

Фасил – В - во ново пакување од 5 кг.

Прајмер - В (мало пак.) - во ново пакување од 1 кг.

Прајмер – В (мало пак.) – во ново пакување од 5 кг.

Прајмер – В (големо пак.) – во ново пакување од 20 кг.

Хидрокол – во ново пакување од 25 кг.

Хидрокол-С – во ново пакување од 25 кг.

Хидрокол-СП – во ново пакување од 25 кг.

Хидрокол – З - во ново пакување од 25 кг.

Стирокол – П - во ново пакување од 25 кг.

Хидромал – во ново пакување од 25 кг.

Хидроглет – Ф – во ново пакување од 20 кг.

Хидроглет – П – во ново пакување од 20 кг.

Хидроглет – В – во ново пакување од 20 кг.

Хидроглет – В (мало пакување) – во ново пакување од 5 кг.