Image31 Мај 2023

54 ГОДИНИ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ГРАДЕЖНАТА И ЦЕМЕНТНАТА ИНДУСТРИЈА

По 54 изминати години можеме да кажеме дека успешно креираме решенија и технологии кои обезбедуваат одржливост за нашите партнери, заедницата и животната средина. По 54 години ние сме тим кој научи брзо да се адаптира и да опстои на својата мисија да создава додадена вредност за градежната и цементната индустрија.

30-ти Мај е родеденот на АДИНГ, ден на кој пред 54 години или во 1969 година е основана компанијата, која до денес успешно се носи со сите предизвици низ историјата. Вообичаено ова е и одличен повод за прослава и дружење, но временските прилики не примораа да го откажеме планираниот главен настан.

На 31-ви Мај беше организиран мал собир каде беа доделени јубилејните награди за нашите долгогодишни вработени со навршен стаж од 10, 20, 25 и 30 години, како и признанијата за поранешните вработени-пензионери кои биле дел од компанијата. Врачувањето беше од страна на  претседателот на УО и генералниот директор Петровски Зоран.

Неколку фотографии од настанот: