Централна лабораторија Адинг (ЦЛА) е лабораторија која што врши испитувања на градежни материјали: цемент, агрегат, свеж и оцврснат бетон, како и испитувања на малтери за ѕидање. На 16.09.2015 година, ЦЛА за прв пат се стекна со сертификат за акредитација Бр. ЛТ-055, од страна на Институтот за Акредитација на Р. Северна Македонија. Овој сертификат е реиздаден на 19.09.2023 година, со што лабораторијата е акредитирана за 25 методи на тестирање од погоре наведените области.
Со овој сертификат се потврдува дека лабораторијата ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018 за дејностите кои што се опишани во прилогот на сертификатот. Во прилогот на сертификатот е дадена листа на сите методи за тестирање за кои што е акредитирана лабораторијата.
ЦЛА во досегашната работа успешно ја остварува својата дејност и континуирано работи на унапредување на своето работење и подигнување на нивото на услуги кои што ги нуди.