АДИНГ НА „ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ“ 20-от ЈУБИЛЕЕН СИМПОЗИУМ НА ДГКМ
АДИНГ е долгогодишен поддржувач на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ), а вклучително и на годинешниот 20-ти јубилеен научен симпозиум во негова организација. Симпозиумот се одржа на 60 годишнината од земјотресот во Скопје под мотото „ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ“ во периодот 28/29 Септември и беше собиралиште на повеќе од 600 гости од целиот свет.
На првиот ден во попладневната сесија, водечки менаџер Никола Узунов кој е дел од Примена и Продажба говореше на тема: „КВАЛИТЕТЕН БЕТОН, ГАРАНЦИЈА ЗА СИГУРНОСТ И ТРАЈНОСТ НА АРМИРАНО-БЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ". Го потенцираше значењето на квалитетот на бетонот во градбите со посебен акцент на сеизмички активните подрачја, но и за неговата трајност и потребата од површинска заштита на конструкциите во хемиски агресивните урбани средини.
Ирина Стефановска, водечки инженер за испитување на материјали во Институт, имаше стручно излагање на нејзиниот труд „СТИМУЛИРАНО АВТОГЕНО САМО-ЗАЛЕКУВАЊЕ НА ЦЕМЕНТНИ МАТЕРИЈАЛИ СО ПРИМЕНА НА ЛЕТЕЧКА ПЕПЕЛ И КРИСТАЛО-ОБРАЗУВАЧКИ АДИТИВИ“.
Признание за особено достигнување од областа на градежното конструкторство за категорија „Наука за 2022 година“ беше доделено на Адинг, Градежен факултет, Скопје и ИЗИИС за проектот под наслов „ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА СЕИЗМИЧКИОТ КАПАЦИТЕТ НА КОНСТРУКЦИИ ОД НЕАРМИРАНА ЅИДАРИЈА СО ПРЕФУГИРАЊЕ“. Во ова истражување од наша страна учествуваа водечкиот менаџер Дамчевски Бојан од Примена и Продажба и директорот на Институт и Фабрика, Јанчев Диме.
Нашата компанија е секогаш подготвена да ги поддржи нејзините луѓе, споделувајќи ги стекнатите искуства низ годините. Една од нашите основни вредности е ЗНАЕЊЕТО! Ние градиме, трансферираме, споделуваме и поттикнуваме знаење. Нашите тимови и поединци ја имаат нашата потпора во потрагата по нови технологии и решенија. Затоа сме посебно радосни и горди во вакви моменти.