19 Мај 2016
Адинг го поддржа БИМАС
Во Музејот на Град Скопје се отвори 18. Биенале на македонската архитектура, коешто оваа година се одржува на тема „Рециклирана архитектура“.
Адинг, како состојка на секоја градба, со задоволство даде поддршка за одржувањето на овој настан, кој е еден од најзначајните во фелата.
Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ и директорот на Музејот на Град Скопје Љубен Тевдовски ја отворија традиционалната изложба на дела продуцирани од страна на македонските архитектонски автори во изминативе две години.
Свеченото доделување на наградите на овогодинешниов БИМАС ќе се одржи на 31 мај, во просториите на Музејот на Град Скопје.