Адинг - најеколошка компанија
Градот Скопје ги одбра најдобрите во традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор, за најубав цртеж и најубав состав на тема екологија, што се организира во рамките на традиционалната манифестација “Денови на пролетта - денови на екологијата“. Овој конкурс има за цел да ја промовира и популаризира грижата за животната средина во Скопје, како единствен предуслов за здрав живот. Според условите на конкурсот, “АДИНГ“ беше одбран за најеколошка компанија, фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес за зачувување на животната средина. Чест ни е што оваа награда е доделена на нашата компанија. На “АДИНГ“ останува и понатаму да продолжи да се грижи за животната средина и за одржување на здрава и чиста околина.