Image19 Дек 2022

ГОДИШЕН ЗАВРШЕН СОСТАНОК НА ГРУПАЦИЈАТА АДИНГ ЗА 2022 ГОДИНА

Годишниот завршен состанок на групацијата Адинг за 2022 година се одржа на 16.12.2022 во Скопје, во присуство на Надзорниот и Управниот одбор на компанијата, дел од менаџерскиот кадар и управителите на ќерките фирми од Македонија, Србија и Бугарија.

Состанокот кој во овој формат се одржува после 2 годишна пауза, беше сублимат на работењето за изминатата година. Презентерите ги покажаа активностите, остварувањата и проблемите со кои се соочувавме, како и искуствата во турбулентната 2022. Овде беа претставени и плановите и активностите за идната 2023 година.

Кратко завршно обраќање имаше и Претседателот на управниот одбор и генерален директор Зоран Петровски со акцент на кризниот период во кој работевме, но и новите можности кои компанијата ги препозна и искористи во 2022. Посебно беше акцентирана соработката помеѓу службите и ќерките фирми, високото ниво на тимска работа и брзата реакција и способноста за прилагодување во кризни ситуации. Исто така, беше споделена визијата за понатаму како и оптимизам за идното работење.

Дел од настанот низ фотографии: