24 Фев 2026
Геосинтетички материјали и нивната примена при проектирање и изведба на депонии
Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа предавање, кое беше презентирано од стручен предавач, инж. Горазд Цопек од Словенија, со долгогодишно искуство во проектирање и изведба на системи со геосинтетички материјали на депонии и инфраструктурни објекти во регионот и ЕУ.

На стручното предавање беа презентирани следните теми:
- принципи на правилно проектирање на системите со геосинтетици,
- типични грешки во пракса и нивни последици,
- искуства од реални проекти,
- препораки за избор на материјали и контрола на изведба,
- улогата на геосинтетиците во исполнување на еколошките стандарди и регулативи.

На презентацијата беа споделени и конкретни искуства и примери од регионот и од земјите на Европска Унија, со осврт на современи технички решенија, стандарди за изведба и предизвици при имплементација на геосинтетички системи во депониите.

Голема благодарност до сите присутни за интересот, активната дискусија и придонесот во квалитетната размена на мислења.

MK