Годишно Собрание на Акционери 2021
На ден 28.04.2021 среда, се одржа Годишното собрание на акционери на АДИНГ АД Скопје. Собранието беше организирано на отворено, во и околу надворешната канцеларија за состаноци во фабричкиот двор, под сите протоколи и мерки за заштита во време на пандемија.
Сите усвоените одлуки и заклучоци од Собранието, се јавно достапни на веб страницата на следниот линк: Собрание на акционери 2021
Со оглед дека ова беше изборна година, акционерите гласаа за состав на нов Надзорен одбор на компанијата и притоа се реизбрани неговите досегашни членови чиј нов четиригодишен мандат отпочнува од денот на изборот.
Исто така, на ден 29.04.2021 година, одржана е првата и воедно конституивна седница на Надзорниот одбор. На седницата уште еднаш беше потврдено задоволството од досегашното работење и одличните разултати на Управниот одбор и едногласно им беше дадена довербата да ја водат компанијата и во следниот период од 4 години, почнувајќи по истекот на досегашниот мандат односно од 01.06.2021 година.
Дел од настанот: