 15 Дек 2015
15 Дек 2015
                    Нова инвестиција во фабриката на Адинг во Перник, Р. Бугарија
Нашата фабрика отворена во 2009-та година во Перник, Р. Бугарија, е фокусирана на производство на адитиви за бетони и малтери.
Со цел понатамошен развој и проширување како на производството, така и на кадарот, годинава беа инвестирани 250.000 евра за реконструкција на просторот и проширување на производните капацитети.
Постоечката линија за производство на течни производи е дополнета со нова полуавтоматска линија за производство на прашкасти производи со проширување на објектот за нови 1400m2. Со оваа инвестиција, фабриката моментално е со вкупна површина од 3200м2, од кои, околу 50% од просторот се користи за производство и затворено складирање на прашкасти производи, репро материјали и готов производ, а остатокот е отворен простор за складирање на течни производи. 
Подолу, фотографии од отворањето на новиот објект и посета на дел од вработените во групацијата Адинг:
 MK
                                MK 
                           
                             EN
                                            EN SHQ
                                            SHQ.jpg)