Работна посета во Тирана, Р. Албанија
На ден 24-ти Јуни 2009 дел од инженерски тим на нашата компанија од секторот за Техничка примена и пласман со институт, беше во работна посета на соседна Р.Албанија. Патувањето беше извршено со цел да се направи комерцијална презентација на нашата компанија АДИНГ пред градежните компании и проектантските бироа со седиште во Тирана.
Презентацијата беше одржана во хотел “Тирана Интернационал”, и се состоеше од три дела:
1. Општа презентација на компанијата – регионален менаџер за примена и пласман, Цеков Даниел
2. Презентација на хидроизолациони материјали и нивна примена,
референтни објекти - самостоен инженер за примена и пласман, Јовановски Петре
3. Презентација за санација и заштита на бетонски конструкции – самостоен инженер за примена и пласман, Узунов Никола
Позначајни гости на презентацијата беа Agron Jano – претседател на комората на архитекти и Maksim Мuci – претседател на комората на конструктери
По извршената презентација, за време на коктелот се разговараше со гостите за проблемите со кои тие се соочуваат во работењето, нашите досегашни искуства и плановите за идна соработка.