Image14 Јул 2022

СТУДЕНТИ ПО ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ ОД ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО ПОСЕТА НА АДИНГ

Денес Адинг беше домаќин на студенти од повеќе универзитети од Европа: Шпанија, Полска, Белгија, Холандија, Турција, Србија. Студентите се учесници на Летниот Академски Курс (ЛАК), организиран од страна на Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ- Скопје), кој во соработка со Градежен Факлутет - Скопје, организираа предавања од областа на одржливост во градежништвото.

За таа цел беше одржана стручна презентација од инженер Никола Узунов, Водечки менаџер за техничка примена и продажба во Адинг. Презентацијата опфати:

Прв дел: Запознавање со компанијата Адинг, производната програма, извозни дестинации, лабараторија...

Втор дел: Презентација на производите на Адинг преку анализа на референтни објекти – Адитиви, заштитни материјали санација, подови, спортски-тениски терени, фасади...

Трет дел: Нови технологии и производи наменети за цементата индустрија со цел намалување на емисиите на CO2 во атмосферата.

Студентите ја посетија и Централната лабараторија на Адинг, каде што раководителот, инженер Ивица Стоиловски, го презентираше коцептот на работа на ЦЛА, со објаснување за бетонот како материјал. Беше направена и проба со бетонска мешавина и тестирање на својствата на бетонот со цел да се воочи разликата на бетоните со и без суперпластификатор. На крајот беше прикажан пример за тестирање на јакост на притисок на бетонска коцка.