Image6 Мар 2017

Стручна презентација – производи, системи и искуства

На 03.03.2017, во конгресниот центар на Скопски саем, беше одржана презентација од нашите инженери на која преку примери и искуства од неколку проекти, беа презентирани решенијата кои ги нудиме во комбинација на нашите производи со производите кои ги застапува Бизнис Центар Адинг.

Беа обработени следните теми:

- Разговаравме за нашите адитиви за бетони, производи за заштита и технологиите за изведба на инфраструктурни објекти

- Затворање на активни продори на вода низ армирано бетонски конструкции преку примерот за тунел „Будош“ во Црна Гора

- Системот за обезбедување на водонепропусност на подзе мни делови на објекти со водонепропусен бетон, обезбедување на споеви на бетонирање и методологија на вградување на бетон


Беа разработени и системи за хидроизолација на бањи, балкони и рамни кровови како и можностите за изработка на „зелен кров“.

За сите дополнителни информации на овие теми, совети и консултации, во секое време контактирајте го нашиот инженерски тим на 02/2034-840.