16 Јун 2015
Best Buy Award за Адинг во област на Хидроизолации
Со задоволство Ве информираме дека Адинг доби најмногу гласови од учесниците во истражувањето за Best Buy Award Construction 2015/2016 година во Македонија во категоријата “Хидроизолации“ за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.
“Best Buy Award” претставува сертификат, медал и воспоставен истражувачки метод кој на потрошувачите им гарантира дека купуваат производи со највисок квалитет по најдобра цена.
Истражувањето за “Best Buy Award” го изврши швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com), преку веб-анкета во февруари 2015 година на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, граѓани на Македонија - професионалци и лица кои работат во областа на градежништвото.
Ова истражување го мери искуството, мислењето и перцепцијата на потрошувачите во Македонија кои нудат најдобра вредност за дадените пари, а ние го добивме првото место за овој критериум во категоријата “Хидроизолации“ во која припаѓа и нашиот добро препознатлив производ Хидромал Флекс.
Дигитилниот сертификат е достапен на следниот линк.