45 години Адинг
Во присуство на голем број деловни партнери, институции и пријатели, на 30 мај 2014 година, во кругот на фабриката „АДИНГ“ го одбележа својот 45-годишен јубилеј.
Како и на секој јубилеен настан беа доделени награди за вработените со наполнет работен стаж од 10, 20 и 30 години во Адинг:
За 10 години работа во Адинг награда му беше врачена на Гоговчев Горан, а за 20 години работа награден беше Азизи Рахим.
За 30 години работа во Адинг беа наградени, Алиjу Феми, Велковски Благој, Гогова Весна, Гелев Младен, Живановиќ Јадран, Каратуков Дончо, Салих Решат, Топузовски Бошко.
Но, Адинг, не би бил тоа што е денес и без своите долгогодишни соработници, компании, институци, поединци кои имаат свој придонес во развојот на компанијата. Токму затоа, на денот на нашиот јубилеј најзначајните соработници ја добија највисоката АДИНГОВА награда - признание „МОЛЕКУЛА“, симболот на компанијата, во уникатна рачна изработка.
„МОЛЕКУЛА“ им беше врачена на водечките фирми од градежниот сектор од Р.Македонија:
- Гранит, Скопје, на генералниот директор г-дин Страшо Милковски.
- Бетон, Скопје, на генералниот директор г-дин Дејан Нешковиќ
- Цементарница УСЈЕ, на генералниот директор г-дин Борис Хрисафов
- АДГ Илинден, на генералниот директор г-дин Андреја Ошавков
- Прототип Скопје, на генералниот директор г-дин Мирослав Трајковски
Како и од странство:
- Путеви Ужице од Србија, на г-дин Слободан Ковачевиќ, комерцијален директор.
- Мостоградња Белград, на комерцијалниот директор г-дин Драгомир Думиќ.
Исто така „МОЛЕКУЛА“ им беше врачена и на институтите:
- Градежен институт Македонија - ГИМ, „Молекула “ на генералниот директор, г-дин Михо Јаневски;
- Заводот за испитување на материјали и нови технологии - ЗИМ Скопје, на генералниот директор г-дин Борче Таневски;
на нашите дистрибутери од Македонија и странство:
- Универзал Комерц Скопје, на генералниот директор г-дин Миљаим Сулејмани;
- Мел Проект Битола, на сопственикот г-дин Евгениј Милошевски;
- Изолими – Приштина, на генералниот директор г-дин Халит Рама;
како и на нашите долгогодишни соработници - компании, банки и институции:
- Грозд, Струмица, на генералниот директор г-дин Васе Митев;
- Комерцијална Банка Скопје на генералниот директор г-дин Хари Костов;
- Општина Ѓорче Петров, на г-дин Сокол Митревски.
Овие 45 изминати години, ни создаваат уште поголема обврска, обврска да го пренесеме нашиот ентузијазам и визионерство на идните, младите генерации во компанијата. Адинг не застанува тука, продолжуваме понатаму и подалеку.
Во продолжение фотографии од настанот: