Image4 Јун 2025

56-ТИ РОДЕНДЕН НА АДИНГ

На 30 мај, во рамки на нашиот фабрички парк, организиравме интерен настан посветен на нашите вработени по повод 56 години од основањето на компанијата. 

Им оддадовме признанија на вработените кои веќе 10, 20, 25 и 30 години се дел од нашето семејство, а на нашите поранешни вработени со посебна почит им врачивме рачно изработени реплики од „Молекулот– симбол на АДИНГ“.

Настанот беше можност за заедничко дружење, сеќавање и изразување благодарност за сè што сме изградиле заедно.

Како што рече и претседателот на Управниот одбор и генерален директор Зоран Петровски - „Ова што сме денес е резултат на тимски дух, посветенот, заеднички напор и задоволство во работата.“