Image30 Сеп 2010

Јадрански саем за градежништво

Во периодот од 22.09.2010 до 26.09.2010, традиционално, Адинг заедно со нашите претставници за Црна Гора, “Ѓуришиќ и Кум”, беше дел од Јадранскиот саем за градежништво кој се одржува по 32-ри пат во Будва.

Во рамките на саемот, од страна на нашите претставници, на заинтересираните посетители им беа презентирани материјалите од производната програма на Адинг. На саемот беа остварени повеќе контакти со наши досегашни соработници и со идни потенцијални клиенти од регионот и пошироко.