АДИНГ НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈA „ПОДЕКС - ПОВЕКС 2023"
Здружение на рударски и геолошки инженери на Република Македонија, традиционално го организираше XIV-то Стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, одржано од 6 - 8 октомври во хотелот „Гранит“ во Охрид. На настанот присуствуваа голем број на гости од државата и странство, презентери од областа на рударството и геологијата, научни истражувачи и инженери.
АДИНГ е долгогодишен поддржувач на овој настан каде со презентација на дел од производната програма се појави Ирина Стефановска, водечки инженер за испитување на материјали во ЦЛА на тема „Адитиви за подобрување на мелливоста при производство на филер". За делот од производната програма на Бизнис Центар Адинг презентираше Бојан Цветковски, менаџер за продажба.