Image16 Јун 2023

АДИНГ НА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО Р.СРБИЈА, „СОВРЕМЕНА ГРАДЕЖНА ПРАКСА 2023“

Друштвото на градежни инженери од Нови Сад традиционално ја организираше меѓународната конференција „Современа градежна пракса 2023“, одржана на 8 и 9 јуни во хотелот „Борковац“ во Рума, Р. Србија. На настанот присуствуваа околу 120 гости, со презентери од областа на градежништвото, научни истражувачи, инженери и докторанти.

Во рамките на конференцијата беа презентирани бројни примери на иновативни технологии за поефикасно „паметно" градење, заштита и санација на конструкциите, трајност на конструкциите и намалување на емисиите на CO2.

Како еден од поддржувачите на настанот АДИНГ имаше своја презентација пред пристуните, од страна на Никола Узунов, водечки менаџер за техничка примена. Темата на неговото излагање „Трајност на Бетонските конструкции” се однесуваше на:

-          Трајноста на бетонските конструкции, значење и важност

-          Методи и принципи, ефекти на конструкциите од аспект на намалување на емисиите на СО2

-          Искуства од терен - примери за изведба и заштита на конструкциите.

На конференцијата беше организира и тркалезна маса на тема: „Не можеме да ги избегнеме земјотресите! Можеме ли подобро да проектираме и градиме“.