20 Дек 2016
АДИНГ на симпозиум на ДКГС 2016
Во периодот од 15-17 септември 2016 година, на Златибор, се одржа Симпозиумот на ДГКС (Друштво на градежни конструктори на Србија) на кој присуствуваа околу 300 учесници од Србија и регионот.
Адинг беше дел од спонзорите на овој настан, а нашите инженери се претставија и со свои трудови и истражувања.
Со постер презентација на инж. Иванчо Симоновски беше претставен трудот „Санација на продор на вода на објект тунел Будош , Никшич, Црна Гора“, а беа презентирани и резултати од серија на експериментални и практични истражувања на инж. Никола Узунов и инж. Диме Јанчев, во рамките на темата - „Трајност на бетон изложен на дејство на вода, атмосферски влијанија и хемиска агресија“.