Адинг го поддржа проектот „Претприемништвото – иднината на студентите“
Во соработка со Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Адинг се приклучи на проектот „Претприемништвото - иднината на студентите“што ќе овозможи подобра соработка меѓу бизнис-секторот и студентите.
Селектираните 50 студенти кои ќе имаат можност да присуствуваат на обуките кои ќе ги организираат Стопанската комора на Македонија и Студентскиот парламент во соработка со предавачи од бизнис-секторот и банките и тоа на теми кои ќе им помогнат полесно да се приспособат на барањата на пазарот на трудот.
Втората фаза е менторството, во времетраење од три недели кое ќе се спроведува и во Адинг, а каде студентите ќе имаат можност да се сретнат со бизнис средината и да научат повеќе за начинот на функционирање на компанијата како и вештини за развој на претприемничкиот дух.
“Би сакала да се заблагодарам на Стопанска комора за поканата АДИНГ да биде дел од овој проект која со задоволство ја прифативме. АДИНГ е компанија која се занимава со производство и продажба на градежни материјали во и надвор од границите на Македонија. Постоиме долго, оваа година прославуваме јубилејни 45 години постоење и се надеваме дека и овој пат нашето знаење и искуство ќе ги споделиме и пренесеме на студентите кои ќе бидат дел од овој проект.” – истакна пред присутните дипл.инж.арх. Александра Петровска