„Адинг донира од срце“
Како дел од нашата програма за општествена одговорност, „Адинг донира од срце“, беа организирани две позначајни донации на наши производи во текот на месец Ноември.
Адингови производи беа донирани во Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“ во село Волково.
ЦПЛМХ „Порака Неготино“ од Неготино е родителска организација на и за лица со пречки во менталниот развој, на нивните родители и на сите граѓани кои сакаат да помогнат при обезбедување на подобар живот за овие лица.
Благодарение на нашата донација од лепило за сипорекс елементи Стирокол П и декоративен малтер Хидрофас З, центарот ќе добие термичка фасада со која ќе се подобрат секојдневните услови за живеење и работење.
Втората значајна донација е организирана за Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.
Училиштето доби материјал за внатрешно молерисување Адингколор, како и боја за обележување во надворешниот дел на округот – Адингмаркер П, со која ќе се олесни движењето и ориентацијата на лицата со целосно изгубен и оштетен вид.
Адинг продолжува со својата традиција, да помага и придонесува за доброто на заедницата.
Ако можете да направите нешто позитивно за да се почувствувате подобро, тогаш можете тоа да го пренесете и на другите...направете нешто денес.