18 Авг 2010
Активности на пазарот во Казахстан
Ве информираме дека АДИНГ склучи договор за работа на проектот „Автопат - Тараз” кој е дел од меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа – Западна Кина”. Станува збор за автопат во јужноказахстанската област Тараз во должина од 57 км. и договор со вредност поголема од 4 милиони евра.
Конкретно, АДИНГ ќе учествува во контролата на изработка и вградување на цементно-бетонски коловоз со примена на АДИНГ-ови материјали и адитиви (Порочинител, Суперфлуид и Заштита Б3), како и сечење на работни и дилатациони спојници и нивна исполна.
Во меѓувреме отпочнати се подготовките за проектот и е формиран тим за негова реализација. На изведбата ќе работат околу 60 лица од кои од Р.Македонија ќе бидат ангажирани околу 20 лица.
Договорот е склучен со Казахстанската градежна компанија К-Дорстрои и договорениот рок за изведба на работите е 10 месеци, или до крајот на 2011 година, со предвидени паузи во зимскиот период.