ГОДИШЕН ЗАВРШЕН СОСТАНОК НА ГРУПАЦИЈАТА АДИНГ ЗА 2023 ГОДИНА
Годишниот завршен состанок на групацијата Адинг за 2023 година се одржа на 16.12.2023 година во Охрид, во присуство на Надзорниот и Управниот одбор на компанијата, менаџерскиот кадар и управителите на ќерките фирми од Македонија, Србија и Бугарија.
Презентерите ги покажаа активностите, остварувањата и искуствата во 2023. Овде беа претставени и плановите и активностите за идната 2024 година.
Завршно обраќање имаше и Претседателот на управниот одбор и генерален директор Зоран Петровски. Во неговото излагање беа потенцирани извонредните позитивни резултати на целата групација во 2023 година, со поесебен акцент на соработката на службите и вработените и нивната посветеност во работата. Нагласена беше вредноста на човековиот капитал на компанијата, кој и во иднина ќе носи големи резултати. Како што уште истакна „Ни претстои успешна година, а оптимизмот за 2024-та доаѓа од цврстата позиција на домашниот пазар, распространетоста на пазарите во регионот и пошироко, адаптибилноста на компанијата кон специфичните потреби на купувачите, но и развојот на нови производи и технологии“.