Image31 Авг 2023

ДЕКОСИЛ ПЛУС - Заштитен транспарентен премаз за импрегнација на цементни и камени површини

ДЕКОСИЛ ПЛУС е заштитен транспарентен премаз (лак) на метакрилатна основа за импрегнација на цементни и камени површини. Се користи за завршна обработка на бетонски подлоги со затворена структура како Подинг К и печатен бетон кои не се изложени на надворешни услови како и бетонски подлоги со затворена структура од печатен бетон кои се изложени на надворешни влијанија, ниски температури, соли на мрзнење/одмрзнување и влага. ДЕКОСИЛ ПЛУС формира филм кој не е паропропусен и доколку има заробена влага во подлогите може да дојде до негово лупење. 

Подлогата за нанесување на ДЕКОСИЛ ПЛУС треба да биде здрава, сува, чиста, без масти, прашина, лабилни делови и кондензат, со максимална влажност од 7% и да биде отпорна на растворувачи.  Температурата на воздухот и подлогата треба да биде од 5-35˚С, а релативната влажност на воздухот <70%.

За подлоги од печатен бетон

Печатениот бетон треба да биде стар најмалку 28 дена и да има минимална јакост на притисок 25МРа. Поради примена на пудра и оплатни масла при нивната изработка потребно е детално чистење на површините затоа што овие средства ја онемозможуват врската на ДЕКОСИЛ ПЛУС со подлогата. По одстранување на пудрата, потребно е површината да се исчисти со разредена киселина и потоа темелно да се испере со вода. Непосредно пред нанесување на ДЕКОСИЛ ПЛУС максималната влажност на подлогата потребно е да биде под 7%. ДЕКОСИЛ ПЛУС е паронепропусен лак поради што на отворени и поголеми површини потребна е паронепропусна хидроизолација под бетонската подлога.

ВГРАДУВАЊЕ

За импрегнација: При употреба на Декосил Плус за импреганција, во зависност од порозноста на подлогата, производот се разредува со 5 -15% Растворувач П. Нанесувањето е со премачкување на подлогата со четка, ваљак или машински со распрскување во еден слој. Потрошувачка на материјал за импрегнација, за еден слој - 0.15-0.2kg/m²

Како лак: Вградувањето на Декосил Плус се изведува со премачкување на подлогата со четка, ваљак или машински со распрскување во еден слој. Материјалот може да се разреди со 5% Растворувач П. Обработените површини треба да се заштитат од провев и прашина во период од 12h по вградувањето. Потрошувачка на материјал како премаз (лак), за еден слој: 0,15-0,3 kg/m² во зависност од порозноста на подлогата.

ПАКУВАЊЕ

Лимени канти од 3 и 15 kg.

Изведени објекти со Декосил Плус:

Изработила: Радица Цинцева д.и.а.