Image8 Јун 2011

Доделени награди за најдобрите студенти на Градежен и Архитектонски факултет

Секоја година, традиционално, Адинг доделува награди на двајца најдобри студенти, кои при изработка на дипломската работа ги примениле материјалите од производната програма на Адинг. Годинава, добитници се Дојчинова Добрица од Архитектонскиот факултет и Игор Атанасов од Градежниот факултет, Скопје.

На церемонијата на доделувањето на дипломите на сите студенти им беа доделени подароци – репрезентативни материјали од Адинг.