Image17 Фев 2009

Златен медал за квалитет

На 24 – от меѓународен саем за Градежништво кој се одржа во Нови Сад, Р.Србија од 4 до 8 ноември 2008 година, Адинг АД, Скопје, преку својата афилијација Адинг Д.О.О. - Белград, се претстави со својата производна програма. Во рамките на манифестацијата, Адинговиот производ Флуидинг – М1М од подгрупата на Пластификатори, која припаѓа во групатаАдитиви за бетони и малтери, ја доби престижната „Златна медаља за квалитет“, од страна на организаторите.