Image14 Авг 2013

Инженер од Адинг награден со „Инженерски прстен“

Tрадиционално по 10. Пат, претседателот на Република Македонија- Ѓорге Иванов, на најдобрите 10 дипломирани студенти на инженерските факултети , им го додели признанието „Инженерски прстен 2013“.
Особена чест и гордост за Адинг е фактот што меѓу наградените е и нашиот инженер за лабораториски испитувања – Јанчев Диме, дипломиран инженер на Технолошко - металуршкиот факултет во Скопје.
Прстенот е признание за вложениот труд на студентите, стекнатото знаење и вештини - инженер секојпат е оној, кој е конструктивен, иновативен, односно оној кој нуди решенија.
Инженерите се основна моторна сила и во нашата компанија. Ние постојано инвестираме во надоградување на знаењето и искуството на нашите вработени – со една заедничка цел – формирање квалитетен кадар кој ќе биде лидер на нашиот пазар.