24 Ное 2010
Кружни трки во Скопје 2010
Под покровителство на Град Скопје, а во организација на АКК „Примо АВЈ“ од Скопје, минатава недела (21.11.2010), кај Скопскиот саем и пред Македонската радио телевизија, се одржи 6-та по ред Меѓународна кружна авто трка.
„АДИНГ АД Скопје“ беше главен поддржувач на тимот од Р.Србија кој се натпреваруваше во класата до 2000 cm3 со автомобил марка Алфа Ромео – 147.
Во рамки на кружната трка учествува 42 тимови, кои си ги одмерија силите во 5 класи, а се натпреваруваа автомобилисти од Македонија и од странство: Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Косово.