Image31 Дек 2009

НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА

Традиционално во пресрет на новогодишните празници, Деловниот систем АДИНГ организираше предновогодишна прослава за своите вработени.

Настанот се одржа на ден 29.12.2010 година во пријатната атмосфера на „Ресторан 14- ка“. За време на прославата беа направени традиционалните извлекувања за најсреќните адинговци и беа доделени бројни вредни награди.