Награда за 0пштествена одговорност
Во рамките на Корпоративно управување во компаниите, годинава Центарот за Институционален Развој (ЦИРА) издаде повик за номинирање за награди за лидер на општествена одговорност за 2009-та година.
На 26-ти мај беше одржана и церемонија за потпишување на Меморандумот за Разбирање помеѓу претпријатијата основачи на Бизнис Лидерскиот Форум и Центарот за Институционален Развој. Церемонијата ја водеа Неговата Екселенција Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на Европската Унија.
Адинг АД беше номиниран во првата категорија за општествена одговорност на претпријатијата за наградата за „Одговорен однос кон вработените за 2009-та година” и ја доби првата награда во категоријата, посебно дизајнирана статуетка и пофалница.
Наградата на АДИНГ АД му е доделена бидејќи компанијата е одговорна кон државата, навреме и редовно ги плаќа даноците, и посебно кон вработените. Ним навреме им исплаќа личен доход, бонуси за посебни залагања, води грижа за нивна континуирана обука преку семинари, конгреси, симпозиуми, саеми, промоции и сл. Компанијата континуирано ги подобрува условите и опремата за работа, промовира таленти и нивните способности, се грижи за нивното здравје и безбедноста, има транспарентност во работењето, информирање за битни одлуки во компанијата, што значи има добри интерни и екстерни комуникации. Исто така се промовира доверба меѓу вработените, нема полова, расна, старосна, социјална или хендикепт дискриминација, се почитува законската регулатива во сите сегменти на работењето. За вработените има превоз и топол оброк, се помагаат социјалните категории вработени за посебни прилики (свадби, летувања, погреби, огрев, стипендии и сл.)
Во изборот на компаниите работеа комисии од владини институции, бизнис секторот, граѓанскиот сектор, медиумите, минатогодишните добитници и ЦИРА.
Доделувањето на наградите беше одржано на гала-настанот на 27-ми мај во М6 ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР.
За фотографии од настаноттука