Image12 Мар 2013

Новогодишна забава на групацијата Адинг

Во пресрет на новогодишните празници, како и секоја година, деловниот систем АДИНГ организираше предновогодишна забава (на 21.12.2012) за своите вработени и најблиските соработници.

Дел од забавата е традиционалната лотарија каде најсреќните вработени добија вредни награди. Никој не замина без подарок, а највредните раце се натпреваруваа во подготвување салати и коктели.

Истиот ден, нашата ќерка фирма – Биро проект, прослави 10 години постоење.

Во оваа прилика Деканот на Градежниот факултет проф.д-р.Милорад Јовановски, му врачи пригоден подарок на генералниот директор на компанијата АДИНГ, во знак на долгогодишната соработка со оваа научна инситтуција.

Пред вработените и присутните гости краток поздравен говор имаше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на компанијата г-дин Благоја Дончев.