25 Дек 2009
Организирана презентација на University American College во Скопје
Во рамките на предметот „Детали во Архитектурата“ во студиската програма од III година на Факултетот за Архитектура и Дизајн на University American College во Скопје, беше организирана кратка презентација на тема: Материјали и системи за хидроизолација.
Дел од инженерскиот тим од секторот за Техничка Примена и Пласман со Институт, на непосреден начин и со еден интерактивен пристап, ги запознаа студентите со карактеристиките, примената и предностите на адинговите хидроизолациони системи. Дополнително, поттикнати од заинтересираните студенти, нашите инженери ги презентираа и нашите производи од производната групаИндустриски и спортски подови.