Image28 Мај 2009

Свечено отварање на фабриката во Перник, Р. Бугарија

Во понеделник на 25.05.2009 г. во градот Перник, Р.Бугарија официјално беше пуштена во употреба новата Адингова фабрика за производство на дел од нашата производна програма - адитиви за бетони и малтери.

Фабриката се наоѓа во г.Перник, населба Караманица - Индустриска зона, на површина од 1800 м² , со производен простор од 500 м² и деловен простор од 200 м² и е изградена според најмодерните стандарди за квалитет и зачувување на животната средина.
На настанот бевме удостоени со присуство на значајни гости, а свои говори одржаа:

- Амбасадорот на Р. Бугарија во Р. Македонија, г-дин Михо Михов,
- В.Д. Амбасадорот на Р. Македонија во Р. Бугарија, г-ѓа Јадранка Чаушевска – Димов,
- Заменик градоначалникот на Општина Перник - Михаил Михајлов
- Градоначалник на Општина Ѓорче Петров, г-дин Сокол Митревски.

Веднаш по нив, збор зема иуправителот на Адинг – Бугарија и заменик генералниот директор на Адинг АД, Скопје, г-дин Петре Филипоски.

На крај, по говорот од страна нагенералниот директор и претседател на Управниот одбор на Адинг АД, Скопје, г-дин Благоја Дончев, свечено беше пресечена црвената лента и со стартот на зеленото копче се означи почетокот на производството на Адинг – Бугарија.

За атмосферата од настанот кликнететука.