19 Ное 2009
Соработка со научни институции
На ден 18.11.2009. на покана на студентите од “Машински Факултет“ Скопје од департманот “Индустриско инженерство и менаџмент“, АДИНГ изврши презентација на тема “Мотивација на вработените“. Како дел од предавањето по “Менаџмент на човечки ресурси“, воден од проф. д-р.
Поленаковиќ Радмил, нашите претставници успеа да го задржат вниманието на студентите, давајќи практичен и реален пример за начинот на мотивирање на вработените во Деловниот Систем Адинг. Нам ни претставува особено задоволство, што имавме можност да го доближиме АДИНГ како компанија, поблиску до студентите и преку практичен пример да им покажеме врз основа на кои принципи функционира мотивирањето на вработените во компанијата.