Стручна презентација на Градежен факултет - Скопје
На 03.04.2023 пред апсолвентите на Градежниот факултет во Скопје беше одржана стручна презентација во соработка со Проф. д-р Тодорка Самарџиоска за дел од нашата производна програма.
Темата на презентацијата беше Примена на хидроизолациони и фасадни системи со производите на АДИНГ. Во слободниот дел од презентацијата беа споделени практични искуства со кои инженерскиот тим на АДИНГ се сретнува во пракса.
Ова е дел од нашата долгогодишна соработка на повеќе полиња и претставува пример за одличните релации со Градежниот факултет. Секоја година, Адинг традиционално, доделува награда на најдобриот студент кој при изработка на дипломската работа најдобро ја опишал примената на Адинговите материјали.