Image20 Дек 2016

Стручно советување ПОДЕКС 2016

Од 11 до 13 ноември, во Струмица, се одржа IX-то меѓународно стручно советување од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини ПОДЕКС – ПОВЕКС 2016.

На овој стручниот собир од областа на рударството беа разменети идеи за разрешување на актуелните проблеми како и совети за понатамошен развој на рударско геолошката дејност во Македонија и регионот.

Нашите инженери имаа техничка презентација во која ја презентираа компанијата, и производната програма со особен акцент на адитивите кои се користат за стабилизација на косини и торкретирање на бетони, материјалите за санација и заштита на бетонски конструкции во согласност со ЕН 1504, материјали за инјектирање на анкери како и фолии и мембрани за хидроизолации, геотехника и заштита од хемиска агрсија.

Беа презентирани и материјалите за инјектирање од TPH Хамбург чии застапник е Бизнис Центар Адинг.
Подолу неколку фотографии од настанот:

podeks-2

podeks-3

podeks-4