Image26 Јул 2023

ТИМОТ СОСТАВЕН ОД ЕМИЛИЈА СТОЈАНОВ И АНДРЕЈ СТЕФАНОСКИ ОД ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ И СИМОНА РАДИЧЕВСКА ОД СГГУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“, ПОБЕДНИК НА НАСТАНОТ БЕТОН.Ск

Денес на 26.Јули точно на 60 годишнината од земјотресот во Скопје добиени се резултатите од натпреварот кој се одржа во рамки на БЕТОН.Ск, настан кој е дел од серијата настани во рамки на Скопско асеизмичко лето. Симболично, испитувањето отпочна во 05.17 минути во ЦЛА (Централна Лабораторија Адинг).

Во натпреварот во нашиот фабрички двор (10.07.2023), учествуваа 5 мешани тима составени од 3 натпреварувачи, од кои двајца студенти од Градежен факултет -Скопје и еден ученик од СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Скопје. Предизвикот се состоеше во подготовка на бетонска мешавина, со која секој тим наполни по три калапи за вградување на бетон, а за победник ќе биде прогласен тимот чиј бетон ќе покаже најприближна или иста вредност на јакост на притисок од 30 МPa.

Целиот настан се одржа по мотото „НЕ СЕ КОЦКАЈ СО БЕТОН“ а целта беше да се подигне свеста за потребата, значењето и улогата на квалитетно домашно градежништво и за создавање на отпорни градби кои се единствен одбранбен механизам од дејството на земјотресите и другите природни хазарди.

На наше големо задоволство резултатите покажаа изедначена битка, а тимот во црвена боја (бр.2) во состав од студентите Емилија Стојанов и Андреј Стефаноски и средношколецот Симона Радичевска се победници и добитници на дополнителната парична награда од наша страна.